20 годишно искуство. Стручен тим. Повеќе од 300 царински операции дневно.
Брзото и ефикасно царинење на стоките е предуслов за успешноста на секој синџир на снабдување. Во областа на царинското застапување Викторија Шпед може да понуди решенија кои ќе го олеснат Вашето работење и ќе допринесат за навремено и квалитетно исполнување на Вашите ветувања кон клиентите.
Викторија Шпед има долгогодишно искуство во царинското застапување. Нашите лиценцирани царински застапници и напредниот систем на работа, ќе Ви помогнат успешно да се справите со комплицираните царински процедури, да избегнете дополнителни трошоци и каснења во реализација на своите деловни процеси.
-    Царинење на стока (изработка на увозно / извозни документи, привремен увоз / извоз, привремен увоз за облагодорување и доработка под царински надзор, реекспорт
-    Пријавување и сместување на стока под царински надзор
-    Царинско складирање и сукцесивно царинење на стока
-    Стручни совети и упатства во врска со царинската постапка и регулатива и распоредување на стока според Царинската тарифа
-    Користење на поедноставени царински постапки
-    Застапување во постапите за дополнителна контрола и рекламации
-    Изработка на барања и стручна помош во царинските, управните и прекршочните постапки
-    Изработка на транзитни документи, посредување кај изработка на барања за сите видови на прегледи (санитарни, пазарни, ветеринарни и фитопатолошки
-    Услуга за користење на банкарска гаранција за обезбедување на наплата на царинскиот долг
pobarajte ponuda
Без разлика дали се работи за целосен товар или една палета во можност сме да Ви обезбедиме транспортна услуга за било која дестинација во Европа, по најконкурентни услови.
Квалитетот на услугата е секогаш на прво место, бидејќи за нашите клиенти најважно е да ја имаат својата пратка секогаш во право време, на право место и најбезбедно.
-    Директни дневни линии
-    Сопствена флота – 6 VW Crafter – Falcon Logistics
-    Информации за статусот на пратките во секој момент
-    CMR осигурување, дополнително осигурување против сите ризици (AAR)
-    Современ информационен систем
-    GPS систем за следење на возилата во реално време
Во соработка со нашите сигурни партнери и водечки логистички компании од Европа можеме на нашите клиенти да им понудиме и флексибилни решенија во областа на збирниот транспорт на стока
pobarajte ponuda

Викторија Шпед доо Скопје е компанија формирана во 1995 година, лидер во областа на царинско посредување и организирање на комплетна логистика. Во моментов во Викторија Шпед има 26 професионално обучени вработени кои се спремни да одговорат на сите предизвици со единствена цел да се задоволат потребите на клиентите.

Во царинскиот сектор во моментов се вработени 16 лица меѓу кои 6 диспоненти и 10 царински лиценцирани царински застапници кои поседуваат повеќегодишно работно искуство.

Тоа е тимот кој овозможува брзо и ефикасно царинско и шпедитерско посредување, изготвува царинска документација при увоз,извоз или транзит на стока,ги следи законските промени, дава информација за тарифни броеви на стоката и давачките и информација за обезбедување на сите потребни дозволи за увоз на одредени видови стока.


Почитување на тимската работа и постојано надградување преку семинари и предавања е одлика на вработените во овој сектор. Викторија Шпед соработува со сестринска фирма Фалкон Логистик која располага со возен парк од 6 VW Crafter возила кои превезуваат стока како во рамките на домашниот пазар така и надвор од Р.Македонија.

Во овој сектор се планира,организира,координира патен,поморски,поштенски и воздушен транспорт за кој имаме IATA агент сертифициран за изработка на авионскии товарни листови.


Викторија Шпед поседува сопствен Царински склад. Царинскиот склад со локација во нас. Илинден е изграден и пуштен во употреба 2014 год. Се работи за најсовремено уреден складишен простор( 1125м2 затворен дел и 675 м2 отворен дел). Складот располага со 1550 палетни места, Комора за складирање лекови, АДР, Регално складирање.
Денес Викторија Шпед во рамките на своето работење ги има имплементирано стандардите iso 9001:2008 и iso 14001:2004 за кои сертификат издава TUF AUSTRIJApobarajte ponuda

Услугата за бродски транспорт вклучува организација на транспорт на цели и збирни контејнерски товари, организација на транспорт на вонгабаритен, растурен и течен товар и услуга за осигурување на стоката во транспорт. Соработувајќи со најголемите бродски превозници и агенти, можеме да Ви понудиме најповолни услови во поглед на цената на транспорт и расположливост на товарниот простор.
-    Организација на транспорт на цели контејнерски товари (FCL)
-    Организација на транспорт на збирни контејнерски товари (LCL)
-    Организација на транспорт на вонгабаритни товари
-    Осигурување на стоката во транспорт
pobarajte ponuda
Викторија Шпед им нуди на своите клиенти складирање на секаков вид на сток со сеопфатна ИТ поддршка

Викторија Шпед поседува сопсвен царински склад. Царинскиот склад со локација во нас.Илинден е изграден  и пуштен во употреба 2014 год.

Се работи за најсовремено уреден магацински простор( 1125 м2 затворен дел и 675 м2 отворен дел)

Магацинот располага  со
-    1550 палетни места
-    Комора за складирање лекови
-    АДР
-    Регално складирање
-    24h видео надзор
pobarajte ponuda